Најскапиот теренец на светот

Најскапиот теренец не е производ на автомобилски компании кои ни се добро познати, туку на кинеската компанија ICT.

Теренското возило со назив Karlmann King, зад необичниот изглед нуди луксуз на кој ќе му бидат љубоморни и компании како Rolls Roys.

Основата на ова возило е пикапот Ford F 500 и баш нема да ги развесели адреналинските зависници. Поради големата тежина од 4500 килограми,  6,8-литрениот V8 мотор кој испорачува сила од 398 коњски сили, како да не е доволен за големи забрзувања и големи брзини. Максималната брзина што овој теренец може да ја постигне е 140 km/h.

Меѓутоа, овие параметри и не се толку важни колку фактот дека Karlmann King е тука за да испорача луксуз. Плејстејшн, телевизор, кров со амбиентално осветлување, фрижидер за пијалаци, се само дел од луксузот со кој располага.

Други технички податоци за возилото не се откриваат, останува да почекаме за да ги дознаеме.

Претходна Треба ли да се загрее моторот на автомобилот пред тргнување?
Следна Ford v Ferrari – официјален трејлер за филмот што не треба да го пропуштите

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!