Зошто не треба да спиете помалку од шест часа?

Доколку спиете помалку од шест часа, голема е можноста да наидете на здравствени проблеми.

Докторката Ребека Робинс во интервју за Телеграф изјавила дека во мозокот на луѓето кои спијат помалку од шест часа се создаваат токсини, што создава многу сериозни последици.

„Со текот на времето, овие токсини ќе се акумулираат и ќе предизвикаат неврокогнитивни нарушувања. На крајот, може да се појави Алцхајмерова болест или деменција“, изјави таа.

Таа потсети дека истражувањата покажале дека и оние кои немаат квалитетен сон имаат двојно поголем ризик од настинки и грип. Клучот е да го одредите времето во кое ќе одите на спиење и да се држите до планот.

Робинс исто така истакна дека не треба да го користите вашиот мобилен телефон или кој било друг вид на електронски уред пред да одите во кревет. Медитацијата може да ви помогне да заспиете побрзо.

Температурата во просторијата треба да биде од 16 до 20 Целзиусови степени бидејќи тоа е идеална температура на воздухот за спиење.

Претходна Нико Хулкенберг меѓу кандидатите за нов возач на Хаас
Следна Зад името Utopia се крие новиот суперспортски двосед на Pagani

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!