Land Rover Defender замислен како електричен пикап 6×6

Land Rover Defender е најновиот во серијата теренски возила кои се приклучија на трендот 6×6, но за жал само во дигиталниот свет.

Фиктивниот концепт наречен UK Bastard е заснован на Defender и е замисла на независниот дизајнер Хусаин Албагали. Покрај тоа што има шест тркала и каросерија за пикап, тој е дизајниран и со целосно електричен погон.

Шест масивни тркала дополнително го зголемија растојанието од подлогата, така што Defender изгледа како возило од пост-апокалиптичната иднина. Албагали го замислил како пикап, а 3D моделот изгледа како да е базиран на моделот Defender 110, а не на поголемиот Defender 130. Деталите, сепак, не се важни, бидејќи UK Bastard е значително подолг од која било верзија со фабрички спецификации.

Неговиот електричен погон е евидентен кога се гледа предната табла и доводите кои се целосно затворени, а нема ниту издувни цевки. Сепак, пикапот има метален браник и дополнително LED предно осветлување, робусна хауба, осветлени странични скали, специјални багажници на покривот и уникатен товарен простор. Назад има три резервни тркала со целосна големина.

Според креаторот, целосно електричниот Defender 6×6 UK Bastard е замислен како електричен пикап кој развива 1.400 КС и 15.500 Nm вртежен момент и забрзува од 0 до 100 km/h за 6 секунди. Задната суспензија би обезбедила удобност на кој било терен, додека моменталниот вртежен момент на електромоторите би бил корисен во тешки услови. Нема детали за батеријата кои би биле доволни за толку тежок пикап.

Класичниот Defender веќе е претворен во чудовиште со шест тркала наречено Flying Huntsman 6×6 од Кан, но ниту еден тјунер не направил нешто слично за новата генерација.

Концептот на Албагали ќе остане во дигиталниот свет, но би било интересно да се види вистински пикап во иднина. Да потсетиме, Албагали е дизајнер на уникатниот теренски кабриолет Ford Mustang кој го нарачал шеикот пред неколку години.

Претходна Ова е рачната конзола на Logitech која пристигнува оваа година
Следна The Temptations – Papa Was A Rolling Stone

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!