Митови што го следат сексот и многумина сеуште веруваат во нив

За лошите информации, верувањата и табуата поврзани со сексот виновна е лошата едукација, различните традиции и погрешните религиозни убедувања.

Експерти, секс-едукатори и психолози се обидоа да разјаснат дел од митовите што се сосема погрешни, а се поврзани со сексот.

  • Мастурбирање додека сте во врска не е во ред. Сосема е погрешно мислењето дека не е во ред да мастурбирате додека сте во врска и дека тоа го правите затоа што партнерот не ве задоволува.

“Вистината за ова прашање е дека без разлика дали сте во врска, мастурбирањето е сосема нормална и здрава работа”, вели сексологот Џенет Брито.

Доколку сте го затекнале вашиот партнер додека мастурбира или ако ви раскажувал за тоа, не значи дека не е задоволен од врската со вас или дека не го задоволувате, и не треба да го сфаќате тоа лично.

  • Мажите кои фантазираат за анален секс се хомосексуалци. Ова е уште едно погрешно разбирање за сексот според сексолозите.

“Коренот на овој мит доаѓа од идејата дека однесувањето го претставува вистинскиот идентитет. Важно е луѓето да сфатат дека однесувањето и идентитетот некогаш немаат никаква поврзаност”, вели сексологот Џиџи Енгл.

  • Мажите што гледаат премногу порнофилмови не се способни за вистински секс. Ова е мит кој не може да се докаже во потполност, поради немање на доволно научни податоци кои би го потврдиле фактот дека мажите кои гледаат премногу порнофилмови не се способни за вистински секс.

“Еректилната дисфункција е честа и може да се случи кај секој маж. Кога ќе дојде до тоа, многумина се прашуваат дали е заради пречестото гледање на порнофилмови, но тоа не мора да е секогаш основната причина. Всушност, најголемиот причинител на еректилна дисфункција е анксиозноста која се случува заради стравот од немање доволно искуство, недостаток на самодоверба и слични причини”, вели Енгл.

  • Сексот е добар само ако заврши со оргазам. Ова е едно од најчестите тврдења кое е делумно вистинито.

“Сексот има повеќе димензии освен физичката. Не е важно каков тип на секс преферирате. Битно е во него да уживате. А кога уживате, сексот паѓа во втор план”, вели терапевтката Лиз Афтон.

Многу често е тврдењето дека на жените не им е потребен оргазам како на мажите. Истражување спроведено во 2017 година вели дека огромен број на жени немаат доживеано оргазам практикувајќи секс со маж. Ова е производ на многу фактори, а не на тоа дека жената нема потреба од оргазам.

  • Реалниот секс е ист како сексот во порнофилмовите. Многумина сметаат дека ова е вистина бидејќи првиот впечаток за сексот го имаат добиено гледајќи порнофилмови. Но, тоа е сосема погрешно. Сексот во реалноста ни приближно не е совршен како што се прикажува во порнофилмовите.
Претходна Дебито на новиот Volkswagen Transporter 6.1 на најголемиот светски саем за градежни машини и апарати
Следна Google ја најави новата Pixel серија на лаптопи и таблети

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!