Комплетно функционална куќа направена со помош на 3D печатар



Полека но сигурно, како и во многу други индустрии, така и во градежништвото, употребата на 3D печатари станува сè поактуелна.
Предноста на овој тип на градба е брзото време за изработка, но и цената. Може да се изработат за 24 часа и да чинат не повеќе од 4.000 долари.
Американската компанија New Story во март оваа година ја презентираше својата прва 3D печатена куќа со големина од 25 квадратни метри, со цена за изработка од 10.000 долари, и време за изработка од само 48 часа. Од компанијата објаснуваат дека во моментот кога ја работеле куќата, 3D печатарот со назив Vulcan работел со само 25% од брзината, па затоа сметаат дека времето за кое може да се изработи куќа од 37-74 квадратни може да достигне и 24 часа.
Тестирањето е направено во Остин, Тексас, а се очекува производството да почне следната година во Ел Салвадор.
3D печатарот Vulcan може да ги изработува куќите на лице место поради неговата подвижност. Прототипот на куќата што е изработена има дневна соба, спална соба , бања и мал простор за работа.

Претходна Mercedes ја пробува моќта на AMG A45 на мразот во Шведска
Следна Фудбалски клубови во Европа со најголема заработка од спонзорите на нивните дресови

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!