Пет работи што не треба да ги правите пред секс

За да не се најдете во непријатна ситуација, но и за да се заштитите од сексуално преносливи болести, овие пет работи избегнувајте да ги правите пред секс.

  • Земање на антихистаминици

Антихистаминиците делуваат на сушење на слузницата на носот, но тие делуваат и на останатите делови од телото. Така подеднакво делува на сушење на внатрешноста на вагината. На тој начин може да се доведете во ситуација да имате болен секс.

  • Зачинета храна

Храната може да влијае на мирисот на вагината. Исто така зачинетата храна може да предизвика и гасови што баш и не би сакале да ви се појават во тие моменти, затоа што заедно со непријатниот мирис на вагината се добива лоша комбинација.

  • Алкохол

Алкохолот во одредени моменти може да го поправи расположението, но може да доведе и до слабеење на сетилата. Ако премногу сте испиле алкохол може да имате проблем да доживеете оргазам. Некои студии велат дека 11% од испитаниците (и мажи и жени) што консумирале алкохол пред секс, имале проблем со доживување оргазам. Им било потребно повеќе време за стимулација за да се доведат до оргазам.

  • Депилација 

Ако сте жена и својата бикини зона сакате да ја одржувате посебно уредна, најдобро е депилацијата да ја правите еден ден пред да имате секс, за да ѝ дадете шанса на кожата да се обнови. Со бричењето или депилирањето го надразнувате површинскиот слој од кожата правејќи го подрачјето многу осетливо. Ги надразнувате фоликулите на влакната кои предизикуваат потенцијално место за инфекции како херпес и ХИВ.

  • Употреба на храна во предигра

Некогаш паровите сакаат одредени филмски сцени да ги префрлат и во спалната соба, па користат чоколадо на интимните делови. Се препорачува да не го правите тоа поради можноста од појава на габични инфекции.

Претходна Најпрофитабилната игра за мобилни уреди
Следна Bentley Flying Spur – врв на раскошот во светот на автомобилите

Награден напис

Позата во секс која мажите прво ја отфрлаат, а потоа ги оставаат без зборови

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се во долга врска и испробуваат различни сексуални пози имаат …

Која е тајната за долг и исполнет сексуален живот?

Откако ќе помине почетната фаза на возбуда за новиот партнер, паровите обично наидуваат на проблеми …

Don`t copy text!