Издржливите личности и нивните навики

Ни се чини дека некои луѓе се отпорни на сè. Што и да ги снајде во животот многу брзо се враќаат на нормалното функционирање. Познатиот психолог Стив Мараболи вели: „Животот не станува полесен или помилостив; ние стануваме посилни и поцврсти“. Најлошите животни случувања не ги афектираат најсилните луѓе и тоа не е случајност. Дали некои луѓе се раѓаат малку поотпорни од другите? Да, но развивањето издржливост е нешто што може секој да го постигне. Всушност, отпорноста ни е потребна на сите ако сакаме да чекориме низ животот напред и да се справиме со сите непредвидливи и стресни настани.

Без оглед на тоа кој како е воспитуван и какви лекции добил од животот, никој не е поштеден од периоди на тешкотии. Според една студија, 84% од англиските адолесценти изјавиле дека доживеале барем еден значаен негативен настан во животот, како што е губење на саканата личност, губење работа или болест. Издржливите луѓе не се благословени со повеќе среќа, туку практикуваат стратегии кои им овозможуваат да се справат со таквите настани. Прочитајте кои се најчестите од нив и обидете се да ги практикувате додека да ви станат навики.

  • Активирајте се. Издржливите луѓе знаат дека можат да се однесуваат порационално и да работат поефикасно кога често се движат. Без разлика дали станува збор за опуштена прошетка низ парк, истегнување на секои триесет минути или јога, нека ви биде приоритет да го одржувате вашето тело во добра форма.
  • Опкружете се со луѓе кои ве поддржуваат. Грижите, стравот и осаменоста можат да ве направат поподложни на стрес. Силните луѓе не се изолираат и повлекуваат од реалноста кога имаат тешкотии.  Одржувањето на социјалните врски влијае охрабрувачки и мотивирачки во такви ситуации.
  • Побарајте и прифатете помош. Флексибилните луѓе знаат кога не можат да се справат со стресот и не им е проблем да признаат дека им треба помош. Не се двоумете да побарате поддршка кога ви е потребна. Кога сте преоптоварени со обврски – делегирајте. Не треба да чувствувате вина заради тоа. Потребата од помош и примањето помош се дел од искуството и најверојатно ќе имате можност да ја возвратите таа услуга.
  • Прифатете ги промените. Честопати трошиме многу енергија обидувајќи се да планираме и да предвидиме работи што се надвор од нашата контрола. Резилиентните луѓе не подлегнуваат на митот дека светот е предвидлив или под нивна контрола. Обидете се да дозволите работите да се расплетуваат сами од себе, наместо да ги принудувате да се случат. Промената е загарантирана – а способноста за адаптирање е од витално значење за здрав и исполнет живот.
  • Простете го минатото и продолжете понатаму. Духовите од минатото убиваат повеќе соништа од сè друго. Повредите кои се резултат на барем еден трауматски настан од минатото, можат значително да влијаат на вашето секојдневно функционирање ако ги оставите нетретирани. Вреди да одвоите време за да ги анализирате работите што ве повредиле и да најдете мир. Простувањето не се однесува на личноста која ви нанела тежок удар, туку на вас. Себеси си должите да си простите, да го оставите зад себе тој настан и да продолжите понатаму.
  • Не се обвинувајте себеси за сè. Кога животот ги изненадува издржливите луѓе со нешто неочекувано или нешто што ќе им го наруши спокојството, тие не трошат време и енергија во бескрајно размислување и анализирање. Препознајте што е во ваша контрола да поправите, а што не. Не заборавајте дека најдобро за вас ќе биде ако се концентрирате на тоа да продолжите напред.
  • Ставете го спиењето на врвот на листата со приоритети. Спиењето има клучно влијание на нашата ментална состојба и на способностите за справување. Потрудете се да спиете седум или осум часа дневно и да усвоите добри навики за спиење. Како резултат на тоа ќе имате подобро физичко здравје, полесно ќе се справувате со стресот и помала е веројатноста да бидете погодени од дијабетес, дебелина, висок притисок и депресија.

Откако ќе ги прифатите овие навики, останатото зависи од вас. Неуспесите и пречките ќе почнете да ги третирате како неопходни отскочни точки кон напредокот. Ќе си ги простувате грешките кои се дел од процесот на учење за да ве доведат чекор поблиску до остварување на вашите соништа. Колку повеќе го прифаќате неуспехот, толку повеќе можности ќе имате да се исправите по секој пад и да отскокнете уште подалеку и повисоко. Секој пат кога ќе доживеете неуспех – наместо да се предадете, ќе го правите она што го прават сите резилиентни личности, а тоа е да го испланирате вашиот следен потег.

Претходна Subaru GL на Travis Pastrana дебитира на фестивалот на брзина Гудвуд
Следна Луксузниот модел на Бентли, Flying Spur, јас доби верзијата S

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!