Замрачување на Сонцето – ретка астрономска појава

Стотина илјади туристи го следеа астрономскиот феномен на комплетно замрачување на Сонцето. Оваа појава се случува ретко на различни делови од Земјата.

Соларно замрачување се случува кога Месечината ќе ппомине меѓу Земјата и Сонцето, поради што нашата планета останува во мрак.

Вчера, 2 јули, се случи комплетно замрачување на Сонцето, кое најубаво можеше да се види во пределот на пустината Атакама, северно од чилеанскиот крајбрежен град Ла Серена, каде што небото е најчисто заради малата влажност и непостоењето на градски светла.

Во Ла Серена, град со 200 000 жители, пристигнаа дури 300 000 посетители за да ја видат оваа несекојдневна појава.

Во ова место, како што наведува астрономското здружение на Чиле, тотално замрачување на Сонцето немало од 1592 година.

Следната ваква астрономска атракција се очекува во 2156 година.

Претходна Норвешка е лидер по бројот на продадени електрични автомобили
Следна Интензивен тренинг од само 4 минути дава одлични резултати

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!