Fingerhakeln – интересно натпреварување од Баварија

Мажи во традиционална баварска носија, клечејки околу маси, се натпреваруваат во борење со прсти (fingerhakeln). Ова е едно од најнеобичните натпреварувања на светот.

Победник на ова натпреварување е тој што ќе успее да го повлече противникот преку масата.

Традиционалното првенство, шеесетто по ред, се одвива во Гармиш-Партенкирхен, град на југот од Германија.

Како и во другите форми на борење, така и во ова потребно е многу вежбање. Принципот на вежбање најчесто е со стискање на топчиња за тенис и дигање на тешки тегови. За да се триумфира потребна е физичка подготвеност, добра техника и висок праг на толеранција на болка.

Сепак, и ова натпреварување не е безопасно. Повреди како исеченици, изгореници од триење, скршени и изместени прсти се дел од натпреварувањето.

Fingerhakeln е традиција во Баварија и Австрија, потеклото не е познато, а започнало како начин на решавање на расправии.

Претходна Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?
Следна Rolls-Royce Ghost Zenith – врвот на автомобилскиот луксуз

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!