Голманот на Црвена звезда со одлична одбрана во 94-та минута стана херој за неговите соиграчи и навивачи

Голманот на Црвена звезда, Милан Борјан, со одлична одбрана ја спаси победата на својот тим против Гент во 94-та минута од натпреварот од 3-то коло во групната фаза од Европската лига, задржувајќи ги своите големи шанси за премин во нокаут-фазата од ова натпреварување.

Црвена звезда ја забележа втората победа во групната фаза против Гент во Белград, а херој на актуелниот српски шампион, покрај Канга и Катај кои постигнаа погодоци, беше голманот Милан Борјан кој брани брилијантно во финишот на мечот.

https://twitter.com/i/status/1324474812090195974

Кога гостинските играчи започнаа се или ништо на крајот од играта, тие го имаа најопасниот напад во 94-та минута: топката по центаршут од десната страна дојде до Јаремчук, кој остана сам на втората статива, но неговиот удар брилијантно го одбрани Борјан и со тоа ја спаси Црвена Звезда. Победа и исклучително важни три бода.

“Неверојатна игра, сите момци завршија одлична работа, постигнавме два гола и забележавме победа, но сè уште не е готово. Мораме да ги кренеме главите и да продолжиме понатаму, мора да победиме во Белгија, што ќе обезбеди да играме со Европа на пролет”, изјави Борјан по натпреварот.

Следниот натпревар, како што рече Борјан, Црвена Звезда гостува во Белгија, повторно против Гент, а до крајот на групната фаза им претстои натпревар на гости против Либерец и домашен натпревар против Хофенхајм.

Претходна The Shadows – Apache
Следна Zagato го испорача првиот Iso Rivolta GTZ: V8 мотор и 660 коњски сили

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!