Ѓоковиќ го освои седмиот Вимблдон и стигна до својата 21 Грен слем титула

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои седмата титула на Вимблдон со денешната победа во одличниот меч против Австралиецот Ник Киргиос со резултат 3:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:4, 7:6), со што достигнувајќи вкупно 21. Грен слем титули во кариерата.

Кирјиос одлично го отвори мечот и го освои првиот сет по само 31 минута игра. Не му дозволи на Ѓоковиќ никакви можности за брејк и речиси перфектно добиваше гемови на свој сервис.

Во одредени моменти играше ефективни потези со што освои неколку поени, а на крајот доволен му беше брејк во петтиот гем да поведе во сетовите, кога стигна до водство од 3:2, а подоцна и одбрани предноста што ја имаше стекнато и поведе со 1:0 во сетови со вкупен резултат 6:4.
Во вториот сет Ѓоковиќ одигра многу подобро во сервис гем, почна подобро да го „чита“ гемот на Австралиецот, а тоа го искористи во четвртиот гем за да го направи првиот брејк од мечот и да поведе со 3:1. Потоа ја задржа концентрацијата, играше сигурно и убедливо на свој сервис и го доби вториот сет во своја корист со резултат 6:3.

Кирјиос имаше шанса во решавачкиот деветти гем, предност од 40:0 и дополнителна четврта брејк топка, но Ѓоковиќ беше многу мирен во тие моменти и го издржа притисокот и го приведе вториот сет кон крајот.

Во третиот сет и двајцата тенисери беа исклучително сигурни во својот сервис гем, немаше брејк шанси се до деветтиот гем кога Ѓоковиќ ја искористи првата прилика, поведе со 5:4 и на крајот го сврте сетот и поведе со 2:1. .
Четвртиот сет се одвиваше во перфектна игра на двете тенисери кога сервираше и не беше направен брејк, а победникот беше решен во тај-брејк.

Таму Ѓоковиќ подобро се снајде и на крајот победи и го освои седмиот Вимблдон во кариерата, односно 21. Грен слем титула.

Со тоа тој зад себе го остави Федерер со 20-та титула на најголемите тениски турнири, додека најуспешен е Рафаел Надал кој во моментов има 22 Грен слем победи.

На Австралиецот на крајот не му помогна ниту статистиката од 30 направени асови, што беше двојно повеќе од Ѓоковиќ, а клучната разлика тенисерот од Србија ја направи на „враќањето“ на првиот и вториот сервис.

Резултат по сетови:

Ѓоковиќ – Киргиос 3:1 (4:6, 6:3, 6:4, 7:6)

Претходна Природни лекови за забоболка
Следна Туширањето со ледена вода наутро е добро за здравјето

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!