Новата тврдина од компанијата Класен

Класен е компанија која е најпозната по преработките на луксузни модели на Мерцедес, кои вклучуваат значително подолги меѓуоскини растојанија и компоненти на каросеријата кои се отпорни на разни видови муниција.

Од компанијата понудија сличен концепт во комбинација со неколку модели од други автомобилски компании.

Најновата подвижна „тврдина“ на Класен се заснова на најлуксузната верзија на Рејнџ Ровер, со вкупна должина на автомобилот од нешто над 6,2 метри и меѓуоскино растојание од 4,13 метри, кое е доволно за четири фотелји зад ротирачките предни седишта. ВИП патниците можат да бидат свртени едни кон други.

Безбедното опкружување за патниците во овој случај вклучува ниво на заштита од муниција со калибар 7,62 мм, а на муницијата се исто така отпорна и гумите кои ќе задржат доволно воздух за да патуваат 80 километри со брзина што не надминува 80 км на час.

Класен бара 750.000 евра за комплетно опремениот Рејнџ Ровер, што не треба да претставува посебен проблем за клиентелата за која е наменета.

Претходна Ненаспаноста е озбилен проблем кој може да се реши
Следна Кампања за сервисирање на Huawei уредите

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!