За посета на Мон Блан ќе треба да се плати депозит од 15.000 евра

Жан Марк Пејлекс, градоначалникот на францускиот град Сен Жерве, најави дека сите оние кои сакаат да ја посетат планината Мон Блан ќе треба да платат депозит од 15.000 евра, кој ќе ги покрие трошоците за евентуално спасување и погреб.

Како причина за тоа посочи дека оваа позната планина станува се поопасна. Опасноста се зголемува бидејќи високата температура почесто предизвикува одрони. Пејлекс им порача на оние кои не ги почитуваат правилата да играат руски рулет.

Според него, просечните трошоци за спасување се 10.000 евра, додека за погребувањето се 5.000 евра. За него е неприфатливо даночните обврзници во Франција да ги покриваат овие трошоци.

Тој ги критикуваше оние кои ја посетуваат оваа планина без соодветно да се подготват за неа, односно без да ги почитуваат правилата. Како пример, тој истакна група Романци кои беа пронајдени на 30 јуни облечени во шорцеви и патики. Преку звучникот на полицискиот хеликоптер биле повикани да се вратат, а тие одговориле дека ќе се вратат еден ден подоцна – рече градоначалникот Пејлекс.

Недоволните количества снег и екстремно високите температури ги дестабилизираа карпите и го отежнаа движењето. Зголемен е и ризикот од лавини. Сето ова се припишува на климатските промени.

Мон Блан има 11 врвови повисоки од 4.000 метри, лоцирани во Франција и Италија. Тие привлекуваат стотици илјади туристи секоја година, јавува Би-Би-Си.

Претходна Победата на Арсенал против Кристал Палас ја отвори новата сезона во Англија
Следна Samsung наводно го намалува производството на паметни телефони поради помалата побарувачка

Награден напис

Evanescence – Bring Me To Life 

Уживајте во прекрасната музика на нашиот портал и на нашето ново интернет радио. Слушајте музика …

YouTube тестира четбот кој ќе се појавува под клиповите

Видео сервисот YouTube спроведува експеримент кој вклучува нов четбот дизајниран да им обезбеди на корисниците …

Don`t copy text!