Според истражувањата на eMarketer, а се однесуваат на граѓаните на САД, просечниот корисник на смарт уред во 2018 година на интернет поминал дури 36 дена. Иако истражувањето се однесува само на САД, без сомнеж може да се примени и на остатокот од светот.
Според статистиката што ја изнеле, корисниците дневно поминувале по 2 часа и 23 минути на мобилен телефон, и ако на тоа се додаде и користењето на таблети и компјутери, тогаш се добива бројка од 3 часа и 35 минути дневно.
Ако се земе предвид дека овој просек е извлечен од целокупното истражување, може да се каже дека има и екстремни случаи, а во одредени ситуации и зависност.
Доколку целава оваа статистика ве вознемирува, може да побарате помош од бројните апликации што ви мерат колку време поминувате на уредот и ве опоменуваат ако го надминете времето кое сте си го задале за да бидете онлајн.
Награден напис
Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција
Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …
Мета подготвува ривал на Твитер
Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …