Uber го продаде одделот за летачко такси на Joby Aviation

Uber ја продаде својата летачка такси дивизија наречена Elevate на компанијата oby Aviation со седиште во Калифорнија, која развива електрични летала.

Elevate е вториот деловен оддел што Uber го продаде оваа недела во потрага по профит. Во понеделникот, Uber ја потврди продажбата на одделот за самовозечки возила, а купувач е компанијата Aurora.

Joby Aviation и Uber ја опишаа трансакцијата како „проширување на партнерството“.

„Договорот ни овозможува да го прошириме нашето партнерство со yоби, јасен лидер во оваа област, како и да го забрзаме патот кон пазарот за овие технологии“, изјавија од Uber.

Според договорот, Uber ќе инвестира дополнителни 75 милиони долари во Joby Aviation.

Elevate започна со работа во 2016 година и вети дека ќе започне летачка такси услуга во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн до 2023 година. Joby Aviation беше партнер на Uber во Elevate сè додека не го презеде одделот.

Летечкото такси ќе понуди доволно простор за четворица патници и ќе има можност за полетување и слетување вертикално. Неговиот опсег ќе биде 241 км, а ќе може да достигне брзина од 321 км на час.

Електричното летало е сè уште во фаза на тестирање.

Претходна Претставено уникатното издание на Aston Martin DBX Bowmore
Следна Најважните прашања и одговори во врска со зајакнување на имунитетот во текот на зимата

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!