Џејсон Момоа секојдневно тренира во карантин со своите деца

За време на неодамнешното појавување во шоуто „Елен“, актерот Џејсон Момоа зборуваше за поминување доволно квалитетно време со своите две деца, синот Накоја-Волк (11) и ќерката Лола (12).

Тој објасни дека обајцата добро се прилагодуваат на животот во карантин, посетуваат виртуелно училиште и на тој начин имаат контакт со пријателите. Покрај тоа, Момоа ја презема улогата на тренер и дома редовно тренира со своите деца.

“Мислам дека тие навистина го сакаат тоа и сигурен сум дека сакаат да ме имаат дома да го поминуваме времето заедно. Фала му на Бога што ги имаат своите наставници, почит кон нив. Јас сум тука за некоја акција, качување по sидови, користење на лак и стрела“, вели Момоа.

Во март, Момоа на Инстаграм го објави своето видео од „Мананало предизвикот“ на Лола, во кое таа фрлаше секира кон целта додека возеше велосипед без да застане.

Тренингот со своите деца му помага и на актерот да остане фит, затоа што во повеќе наврати изјави дека не ужива особено во диети и вежбање, особено кога станува збор за интензивна физичка трансформација што се бараше во филмовите како „Акваман“.

Претходна Ѓоковиќ со желба да стане најдобрата верзија од себе
Следна Тојота го претстави новиот Yaris Cross

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!