Швеѓанецот Сванте Паабо ја доби Нобеловата награда за медицина

Шведскиот генетичар Сванте Паабо е овогодинешниот добитник на Нобеловата награда за медицина за, како што се смета, пионерски напор во користењето на древната ДНК за откривање непознати во човечката еволуција.

Нобеловиот комитет денеска објави дека Паабо го постигнал она што изгледало невозможно да се постигне, имено дека го секвенционирал првиот неандерталски геном и дека во таа прилика утврдил дека хомосапиенс се вкрстувал со неандерталците.

Неговото откритие беше објавено во 2010 година, откако тој беше пионер во методите за екстракција, секвенционирање и анализа на античка ДНК од коските на неандерталците. Благодарение на неговата работа, научниците можат да ги споредат геномите на неандерталците со оние на луѓето што живеат денес.

„Институционалното истражување на Пааб доведе до воспоставување на сосема нова научна дисциплина – палеогеномика. Со откривањето на генетските разлики меѓу живите луѓе и изумрените хоминини, неговите откритија се основа за истражување на она што нè прави единствени“, објасни комитетот.

Паабо откри дека повеќето луѓе денес споделуваат еден до четири отсто од нивната ДНК со неандерталците, што значи дека неандерталците и хомосапиените мора да се вкрстувале и имале потомство пред неандерталците да изумрат пред 40.000 години.

Овој шведски генетичар бил директор на германскиот институт за еволутивна антропологија Макс Планк и истражувач во Природонаучниот музеј во Лондон, пренесува CNN.

Претходна BMW го проширува семејството на електрични теренци со четири нови модели
Следна Ретка Lancia Delta се продава за неверојатни 650.000 долари

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!