Навивачите го избраа најдобриот играч во историјата на Премиер лигата

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри е прогласен за најдобар играч во историјата на англиската Премиер лига во анкета спроведена меѓу навивачите.

Betfair спроведе анкета со YouGov на повеќе од 1.000 фудбалски фанови пред 30-годишнината од натпреварувањето, а легендата на Арсенал го победи Кристијано Роналдо и го зазеде првото место со 15 проценти од гласовите.

Анри постигна 175 гола на 258 натпревари во Премиер лигата и ги предводеше „топџиите“ до две првенствени титули. Доминираше со брзина, сила, техника, фудбалска елеганција и убиствена егзекуција и заслужено беше избран за најдобар досега во најсилната фудбалска лига во светот.
Најдобриот стрелец во Премиер лигата на сите времиња Алан Ширер го освои третото место, додека Ерик Кантона и Стивен Џерард ги комплетираа најдобрите пет играчи на листата.

Вејн Руни беше шести, а египетскиот интернационалец Мохамед Салах го зазеде седмото место. Покрај Роналдо и Салах, единствениот активен играч во топ 20 е Кевин Де Брујн од Манчестер Сити, кој е на осмото место.

Претходна Тристан Да Куња: најоддалеченото место во светот
Следна Суперјахтата инспирирана од дијаманти има водопад, кино и три базени

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!