Во Формула 1 се враќа Роберт Кубица

По 8 години пауза заради закрепнување од страшната несреќа што ја доживеа Роберт Кубица на почетокот на сезоната во 2011 година, од наредната 2019 година ќе седне во болидот на Вилијамс.
Таа 2011 година на трката во Италија, при судар, заштитната ограда го проби болидот на Рено во кој беше Кубица и му нанесе сериозни повреди опасни по живот.
Помина долг период на закрепнување и бестрашниот возач се врати на патеката, но како рели возач. Три години настапуваше на Светскиот рели шампионат, а минатата зима направи неколку тест возења за Вилијамс во Формула 1 заедно со рускиот возач Сергеј Сироткин.
Иако на почетокот од Вилијамс болидот му го дадоа на рускиот возач, поради слабите резултати сепак решија да го вратат Кубица на патеката.
До моментот на несреќата Кубица извозе 76 трки за Рено и Заубер со кои дојде до една победа, а 12 пати беше дел од победничкиот пиедестал.

Претходна ABT не престанува да изненадува: Audi RS6 Avant Performance Nogaro Edition
Следна Facebook со нова видео апликација за да ги привлече младите

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!