Твитер со нова и практична опција

Твитањето станува поинакво. Од Твитер велат дека се решиле за новата опција затоа што корисниците претпочитаат да комуницираат усно, отколку во писмена форма, т.е. текстуално.

Корисниците на оваа социјална мрежа ќе можат да снимаат кратки аудиозаписи што нивните следбеници ќе можат да ги слушаат. Записите ќе бидат објавени на Твитер-фидот, пишува американскиот бизнис магазин Блумберг.

Идејата е да се даде поголем простор за комуникација на корисниците, бидејќи во моментот е можно да се користат максимум 280 карактери во текстуален пост.

„Понекогаш не се доволни 280 карактери, а понекогаш има недоразбирање во комуникацијата“, објаснуваат од компанијата.

Времетраењето на аудиото ќе трае до 140 секунди. Овој начин на твитање во моментов е достапен само за корисниците на уредите на Apple. Голем број на корисници ќе можат да користат „аудио твитање“ во наредните недели.

Претходна УЕФА денес и утре решава за клупските и репрезентативните натпреварувања
Следна 720S Ле Ман – потсетник за победата на Мекларен во Франција

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!