Мобилниот телефон има повеќе бактерии отколку рачката на казанчето

Со анализи е утврдено дека мобилните телефони имаат десет пати повеќе бактерии отколку што е прифатливо. Примероците земени од еден мобилен содржеле толку многу бактерии што можеле да предизвикаат сериозни стомачни проблеми кај неговиот сопственик.
Бактериите можат да му наштетат на организмот ако нивниот број енормно се зголеми.
Daily Mail пишува дека од 63 милиони мобилни телефони во Велика Британија, 14,7 милиони претставуваат потенцијална опасност по здравјето. Експертот за хигиена Џим Френсис, кој ги спровел тестовите, вели дека бројот на потенцијално штетни бактерии на еден апарат бил толку голем, што на тој уред му била потребна стерилизација.
Најнечистиот мобилен телефон содржел десет пати поголемо ниво на бактерии отколку што е тоа прифатливо. Овој уред, исто така, имал и 39 пати повисоко ниво на ентеробактерии од прифатливото. Ентеробактериите живеат во цревата на луѓето и на животните.
Други видови бактерии пронајдени на мобилните телефони се ешерихија коли и стафилококи.
Повеќето луѓе се убедени дека рачката на казанчето во тоалетот е нешто највалкано што постои, но таа содржи значајно помалку бактерии отколку мобилниот телефон.
Луѓето, исто така, треба да бидат свесни и дека тастатурата на компјутерот содржи повеќе батерии отколку просечна тоалетна школка.

Претходна Ford v Ferrari – официјален трејлер за филмот што не треба да го пропуштите
Следна Како да ја ублажите мачнината при патување со природни состојки

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!