Склекови без болка

За сите вас кои сè уште не сте солидни во изведување склекови, имаме одличен дериват што ќе ви ја олесни работата многу, бидејќи рамената и лактите нема да страдаат. Поголемиот дел од товарот ќе го преземе другиот дел од телото.

Muscular Sporty Man Doing Pushups In A Living Room

Склековите се исклучително ефикасна вежба за мускулите на градите, трицепсите и рамената. Бидејќи не ни треба ништо друго освен воља за нив, тие се исто така многу популарни. Иако станува збор за навидум едноставна вежба, многу луѓе прават почетнички грешки. Некои грешат со колковите, други ги занемаруваат рацете, трети неправилно го држат вратот, не ги користат рамената. Особено почетниците страдаат од болка во рамената и лактите, бидејќи сеуште не се доволно силни. Затоа, има смисла да се потпреме на широкиот мускул на грбот на почетокот.

Некои експерти затоа препорачуваат правење склекови со помош на тегови со рачки, каде најголемиот дел од товарот го презема овој дел од телото, а лактите и рамената се прилично ослободени. Поради употребата на рачките, можете исто така да се спуштите малку пониско од вообичаеното. Ве советуваме да користите малку потешки тегови со рачки кои обезбедуваат стабилност при изведување на вежбата.

Класични склекови

Во основната верзија, легнете на стомак и поставете ги дланките на подот, раширени во ширина на рамото. Идеалниот агол на лактите од страната е 45 степени. Во оваа позиција, пекторалните мускули се активираат, а во исто време спречуваат повреди поради прекумерно истегнување.

Претходна Фокусирајте се на детето на кое навистина можете да му помогнете и покажете ја хуманоста – Интервју со детскиот асистент Славе Павловски
Следна Интер тргнува во лов на Агуера, Аргентинецот го напушта Сити како слободен играч

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!