Сеск Фабрегас потпиша за Монако до 2022 година

Шпанецот Сеск Фабрегас потпиша тригодишен договор со францускиот прволигаш Монако.

Тој го напушти Челзи и прејде во клубот кој го тренира неговиот некогашен соиграч Тиери Хенри.

“Нестрплив сум да почнам да играм за Монако. Сакам да му помогнам на тимот”, изјави Фабрегас.

Монако не му исплати никаква отштета на Челзи, но со сигурност плавците ќе добијат надокнада што моментално не е објавена, а е поврзана со настапите на Фабрегас во дресот на клубот.

Монако е моментално во голема криза – се наоѓаат на претпоследното место во Лига 1 и им претстои огромна битка за опстанок. Тиери се надева дека Фабрегас е делот од сложувалката што ќе го овозможи тоа.

Претходна SpaseX објави фотографија од првото суборбитално летало
Следна Што му предвидува Бил Гејтс на човештвото за следните 10 години

Награден напис

Мундијалот заврши за дефанзивецот на Баерн

Лукас Ернандез го заврши настапот на Светското првенство во Катар, откако се здоби со повреда …

Стадион на СП со капацитет од 40.000 седишта беше речиси полупразен, а евидентирано е дека има 42.000 луѓе

Холандија вчера го совлада Сенегал со резултат 2:0 во првото коло на Мундијалот, а по …

Don`t copy text!