TikTok развива апликација за стриминг на музика

Со оглед на фактот дека музиката е толку важен дел од социјалната мрежа TikTok, воопшто не е чудно што компанијата ByteDance развива апликација за стриминг на музика.

ByteDance го регистрираше името TikTok Music во мај, а новата апликација ќе им овозможи на корисниците да купуваат, слушаат, споделуваат и преземаат музика. Исто така, корисниците ќе можат да креираат, споделуваат и препорачуваат плејлисти, да коментираат музика, а ќе бидат овозможени и аудио и видео содржини во живо.

Познато е дека компанијата ByteDance веќе има искуство со стриминг музика. Во 2020 година, таа ја лансираше апликацијата за стриминг музика Resso во Индија, Бразил и Индонезија. Resso има некои од гореспоменатите карактеристики поврзани со апликацијата TikTok Music, како што е можноста за креирање плејлиста, споделување песни на социјалните мрежи и интеракција со заедницата што ја користи апликацијата.

Дополнително, ByteDance дури користи TikTok за да ги привлече корисниците да користат Resso. Апликацијата TikTok во Бразил има копче што ги пренасочува корисниците кон Resso за да можат да ја слушаат целосната верзија на песната што ги интересира. Овој потег помага да се задржат корисниците во екосистемот на ByteDance.

Ресој имал повеќе од 40 милиони месечни корисници во Индија, Бразил и Индонезија до ноември 2021 година, а тој број е веројатно поголем денес. Претходно оваа година беше објавено дека бројот на активни корисници на апликацијата Ress се зголемил за 304 отсто помеѓу јануари 2021 и јануари 2022 година само во Индија, додека Spotify забележа раст од 38 отсто во земјата во истиот период.

Дали ByteDamce ќе развива TikTok Music на истата основа како Resso или дали ќе понуди нешто сосема ново, засега не е познато.

Претходна Се продава Porsche 911 Carrera RS 2.7 што му припаѓаше на Пол Вокер
Следна Новитек го подготви Портофино М, кој вози уште повеќе „коњи“

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!