Серијата “House of the Dragon“ го сруши HBO

HBO Max ја прикажа првата епизода од серијата „House of the Dragon“ и големиот интерес на гледачите платформата не издржа.

Милиони претплатници се собраа на премиерата на серијата, но многумина не можеа да ја гледаат поради технички проблеми кои погодија најмалку илјадници корисници.

Според Холивуд Репортер, се чини дека одредени уреди на Амазон не биле во можност да го следат приливот на гледачи.

Дејството на серијата е сместено пред настаните од серијата „Игра на тронови“, во ерата кога Таргариените владеат со Вестерос, а најмногу се врти околу предците на Денерис Таргариен, принцезата Ренира Таргариен и принцот Дејмон Таргариен,

Photograph by Ollie Upton / HBO Paddy Considine, Milly Alcock HBO House of the Dragon Season 1

Набргу по премиерата на серијата, социјалните мрежи беа преплавени со коментари на задоволни фанови, а првата епизода моментално има висока оценка од 9.0 на IMDb.

„House of the Dragon ќе биде луда. Каква прва епизода“, напиша еден корисник на Твитер.

“Првата епизода беше феноменална. Едвај чекам следната недела”, “Серијата е многу слична на петтата сезона на Game of Thrones”, “Епизодата беше за оценка 11 од 10”, “Серијата тотално ме привлече. Веројатно повторно ќе ги читам книгите“, следеа коментарите.

Некои беа незадоволни од квалитетот во серијата.

„CGI на змејовите и градовите не изгледа ни приближно добро како што се сетќавам. Дали ги намалија трошоците?“ прашал еден гледач, а многумина се согласиле со него.

Претходна Усеин Болт поднесе барање да ја регистрира својата позната поза како лого и заштитен знак
Следна Gunther Werks Project Tornado е карбонски Porsche 993 Turbo со 700 КС

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!