Гугл ги објави секси пикантериите што се пребаруваат на интернет

Гугл објави интересни факти поврзани со пребарувањата за секс. Накратко, Се пребарува повеќе за тоа што ако „партнерот не сака секс“ отколку „среќен“, „несреќен брак“ или „сексуална поза“. Се чини дека на сите им недостасува секс. Сопрузи, сопруги, момчиња и девојки. За изненадување е тоа што девојките се жалат двапати повеќе. Пребаруваат„дечкото не сака да има секс со мене “.

Иако е вообичаено верувањето дека мажите се оние кои сакаат секс цело време, а жените не, податоците од Гугл кажуваат сосема спротивно.

Друг вообичаен проблем што ги мачи паровите за кој пребаруваат решение на Google е „Мојот партнер не одговара на мојата порака“.

Втората работа што ја откриваат пребарувањата во Гугл е дека многумина имаат недостиг на самодоверба и разни несигурности за нивниот физички изглед. Веројатно многумина веднаш ќе претпостават дека „посилниот“ пол е „најпроблематичен“ – големината на пенисот. Точно, мажите му поставуваат на Гугл повеќе прашања во врска со нивниот пенис отколку за сите други делови од телото.

Сепак, нелогично е дека едно од главните прашања што ги поставуваат во врска со нивниот пенис на Гугл е „Колку е голем мојот пенис”, но не е јасно зошто тие мислат дека Гугл го знае тоа.

Но, големината на пенисот на партнерот за жените се чини дека не претставува проблем и многу ретко ги внесуваат овие зборови во пребарувачот – само една жена од 170 пребарува факти поврзани со пенисот на мажот.

Сепак, не изненадува што жените исто така имаат многу несигурности во врска со својотт изглед, така што терминот „изглед на градите“ се пребарува околу седум милиони пати годишно (од кои 300.000 одат во пребарувања за зголемување на градите).

На мажите втората најголема несигурност, по онаа за големината на пенисот е несигурноста за предвремената ејакулација и честопати бараат „како додека имаат секс да не свршат прерано“.

Претходна Најдобрите британски автомобили во историјата
Следна Екипата на Машки клуб ви ги честита Велигденските празници

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!