Оваа година Корвета нема да се натпреварува на ЛеМан трката

На годинешното издание на легендарната трка наа издржливост 24 часа на Ле Ман, за жал меѓу автомобилите од класата GT нема да има жолта Corvette C8.R .

Фабричкиот тим на Chevrolet Corvette Racing нема да се трка оваа година во легендарната француска 24-часовна трка Ле Ман, чие 88-то издание наместо како што е вообичаено во јуни е преместено за 19 септември. Причината е пандемијата на коронавирус.

Громгласните V8 Корвети нај Ле Ман се во континуитет од 2000 година. Во последните 19 години, американскиот тим оствари осум победи во класата, последен пат во 2015 година кога единствената преостаната Корвета (бидејќи втората беше уништена веќе во квалификациите).

Corvette Racing требаше да се натпреварува на 24 часа Ле Ман годинава со новата генерација на најпознатиот спортски автомобил во Америка, кој за прв пат има централно лоциран V8 мотор. Но, поради новиот датум кој не се вклопува во плановите на жолтиот тим, ќе ја прескокнат трката, што повеќе или помалку ќе го намали стресот во фабричките екипи на Порше, Ферари и Астон Мартин.

Сè уште нема официјална потврда, но да се надеваме дека Корвета ќе ги покаже своите способности на Ле Ман следната година.

Претходна По 40 години НБА повеќе нема да користи Спалдинг топки
Следна Каква корист имаме од летното овошје

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!