Леклер ја освои пол-позицијата пред утрешната трка во Монако и погоди во ѕид

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Монако.

Сепак, возачот, роден во Монте Карло, доживеа несреќа откако го освои првото стартно место, бидејќи во финишот на квалификациите удри во ѕид, па неговиот болид беше оштетен.

Утре втор ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а трет Валтери Ботас од Мерцедес.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон трката ќе ја започне од седмата позиција, а вреди да се напомене дека и тој “гребна” ѕидот за време на квалификациите.

За Леклерк ова беше осма пол позиција во кариерата и прв за Ферари од 2019 година и трката за Големата награда на Мексико.

Трката за Големата награда на Монако е закажана за утре во 14 часот и 50 минути.

Претходна Шест фитнес митови кои го успоруваат слабеењето
Следна Casio G-Shock GBA900 – новиот најевтин професионален паметен часовник за фитнес

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!