Што треба да јадете по напорно вежбање

Редовното занимавање со спорт и правилната исхрана се најдобриот и најздравиот пат до витко тело. Храната има посебно важна улога во дополнителното согорување на калориите кое трае до десет часа по завршување со вежбањето.

Најважното правило се однесува на алкохолот. Пиво со друштвото е последно нешто што му треба на телото по спортување. Освен што е нездрав, алкохолот во телото внесува нови (непотребни) калории. Слично правило важи и за благите газирани напитоци и за сите намирници кои содржат многу шеќер.

Нутриционистите препорачуваат храна и течости кои даваат чувство на ситост, го снабдуваат телото со енергија и храна богата со витамини и минерали. Исто така, важно е да се јаде и храна богата со протеини кои се важни за здравјето и рамнотежата на мускулите и хормоните. Добар избор се варените јајца, лебот со цели семки и млечните производи како на пример немасно сирење, јогурт и павлака, кои заситуваат и ќе го снабдат телото со калциум.

Доколку сте вежбале пред ручекот или пред вечерата, за спортски оброк може да подготвите мала порција варено пилешко месо со сезонски зеленчук или супа. Одличен избор ќе биде и оброк подготвен од свежа риба, затоа што е богата со омега-3 масни киселини.

За здрава исхрана клучно значење има паметното комбинирање на намирниците, посебно на белковините и јаглените хидрати. Така на пример, немасната павлака одлично се комбинира со варен компир, јогуртот со банана, црниот леб со јајце и патлиџан и салата со пилешко месо.

Од пијалаците најдобра е водата, при што важи правилото според кое за еден час спортување треба да испиете еден литар вода. Љубителите на овошни шејкови можат да посегнат по јагодите, кои содржат многу мал број калории.

Претходна Мансори го претвори Mercedes G-Class во „купе“
Следна Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!