Франк де Бур на чекор до клупата на Холандија

Франк де Бур очигледно ќе биде новиот селектор на холандската репрезентација откако Роналд Куман стана тренер на Барселона, објавија холандските медиуми.

Де Телеграф пишува дека обете страни постигнале спогодбен договор и дека ќе потпишат договор до средината на 2022 година. РТЛ пренесува дека Фудбалскиот сојуз на Холандија му понудил договор на Де Бур и дека поранешниот тренер на Ајакс треба да стане нов селектор на националниот тим.

Холанѓаните треба да го претстават Де Бур на крајот на неделата или најдоцна на почетокот на следната недела.

Де Бур треба да ја предводи репрезентацијата на пријателски натпревар против Мексико, а официјалното деби треба да го има во Лигата на нации на 11 октомври.

Де Бур беше тренер на Ајакс од 2010 до 2016 година, а исто така беше тренер на Интер и Кристал Палас. Тој работеше во МЛС во редовите на Атланта Јунајтед од 2018 до 2020 година.

Холанѓаните пишуваат дека покрај Де Бур, кандидати за клупата биле и Франк Рајкард и Питер Бош. Поранешниот тренер на Барселона не сакаше да се врати во фудбалот, а Бош реши да остане во Баер Леверкузен до 2022 година.

Претходна Неколку причини зошто не е паметно да легнете гладни
Следна Неколку секс табуа што според експертите не треба да бидат

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!