Сексуално преносливи болести, нивни симптоми и кои од нив барaат итна посета на лекар

Сексуално преносливите болести се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку сексуален однос, освен ХИВ и сифилис кои може да се пренесат и со бременост и породување, и преку трансплантација на органи и трансфузија на крв.

Од ризичните фактори за сексуално преносливи болести прва се наведува возраста. Всушност, заради имунолошката незрелост на матката, кај девојките воспалителните процеси се одвиваат полесно и често болеста е прикриена и се открива дури кога ќе се направи голема штета на општото и репродуктивното здравје.

Полот исто така е битен фактор, и девојките се поподложни на вакви инфекции.

Многу сексуално преносливи болести имаат благи или воопшто не покажуваат симптоми, кои понекогаш може да поминат и сами без да бидат третирани.

Болестите се пренесуваат преку орален, вагинален и анален секс.

Голем дел од овие болести може да се излечат со антибиотици, освен некои како ХИВ, за кој сè уште нема лек и важно е да се превенира и да се внимава.

  • Симптоми кај мажите и жените. Болка при мокрење, пецкање и чешање во регијата околу гениталиите, чирчиња, брадавици околу анусот или гениталиите
  • Симптоми што се јавуваат кај жените. Жолт или зелен исцедок, исцедок со непријатен мирис, крварење помеѓу циклусот, болка во долниот дел од стомакот.
  • Симптоми што се јавуваат кај мажите. Исцедок од пенисот и иритација на уретрата.
Претходна Презентирана листата на кандидати за светски автомобил на годината
Следна Со мали измени во исхраната до поздрав дигестивен систем

Награден напис

Стар рецепт за чистење на цревата

Дигестивниот систем е една од најчестите „болки“ на современиот човек. За да може дебелото црево …

Чаша полна здравје

Дали знаете каква е всушност улогата на магнезиумот во нашите животи? Тој е важен за …

Don`t copy text!