Секс-играчките ќе бидат составен дел на Саемот за иновативни технолошки решенија од следната година

Како што наведува магазинот Verge, од следната година на Consumer Electronic Show (CES) ќе дозволи изложување и наградување на технолошки достигнувања од светот на секс-играчките.

Секс-играчките ќе може да се изложуваат во делот за здравје и велнес, и дозволата од организаторите се однесува само за наредната година, а со посебна процена ќе се разгледа опцијата за тоа да се дозволи и за годините што следат.

За да може да се презентираат, секс-играчките мора да се технолошки иновативни и да вклучуваат нова технологија, бидејќи како што е наведено – не се сите заинтересирани да видат стандарден вибратор.

Минатата година дојде до контроверзии кога беше наградена секс-играчка на компанијата Lora DiCarlo, но подоцна наградата беше повлечена.

На CES ќе се смени и политиката на облекување, за да се спречи одредени компании со оскудно облечени девојки да се обидуваат да привлечат посетители на нивните штандови. Оние што ќе ги прекршат правилата ќе бидат казнети, ќе им се намали рангот, а со тоа ќе имаат полоши позиции на својот изложбен простор.

Порнографијата на CES  и понатаму е забранета.

Претходна AMG CLA 45 Shooting Brake е новитетот од Мерцедес
Следна Гејминг турнирот за Dota 2 со фонд за награди поголем од 30 милиони долари

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!