Работни позиции на иднината и вештини кои ќе ни требаат

Многумина веруваат дека во блиска иднина, следните 50 години, роботи и компјутери ќе ги заменат повеќето работи што ги работат луѓе. Светскиот економски форум уште во 2016 година процени дека во 2020 година, повеќе од 5 милиони луѓе ќе го изгубат работното место заради автоматизирање на процесите и дека тој број постојано ќе се зголемува. Работните места за кои во минатото мислевме дека се сигурни, канцелариски, производство, па дури и правниот сегмент ќе бидат најмногу на удар. Еве кои работни места и вештини се проценува дека до 2025 година ќе се бараат.
ИТ сектор
Веројатно ова и не е големо изненадување, но технолошките вештини и во 2025 година ќе бидат многу барани, особено способноста за управување на големи податоци на информации. Исто така програмери и аналитичари за истражување на пазарот.

Медицински работници
Според истражувањето на британскиот центар за подобро стареење, до 2024 година 180 милион луѓе ќе бидат на возраст од 60 години и повеќе, што е за 3,1 милион луѓе повеќе во однос на 2014 година. Истражувањата исто така сугерираат дека женските деца родени денес имаат 50 проценти поголеми шанси да доживеат 100 години.
Бидејќи човекот денес има подолг животен век, ќе дојде до пораст на секој аспект на здравствениот сектор. Посебно во секторот со негуватели. Ако ги погледнете огласите за работа во западните земји ќе забележите дека работата како негувател е посебно барана. Затоа имајте во вид дека медицинска сестра и негувателка ќе бидат исклучително барани во претстојните години.

Продажба
Маркетингот и продажбата го окупираа нашиот свет. Сè се врти околу реклама на нови производи и услуги кои на најдобар начин сакаат да им ги прикажат на потрошувачите. Дигиталниот маркетинг пред неколку години доживеа голем бум, и побарувачката за него сè уште не стивнува. Затоа вештината на медиумска писменост, односно разбирањето на тоа како функционираат маркетинг платформите и начинот како најдобро да се комуницира преку нив, ќе бидат од исклучителна важност ако сакате да се бавите со оваа дејност. Иако роботите сè повеќе ги обавуваат човечките дејности, сепак човечката креативност и социјална интелигенција е нешто што ниту еден робот не може да ги замени. Меѓу најбараните места ќе бидат специјалист за маркетинг и претставник во продажба.

Учители и тренери
Подготвеноста за учење низ целиот живот е нешто што веќе и сега е присутно, а ќе биде и во иднина. Светот сè повеќе и побрзо се развива, и потребно му е општество што е подготвено за континуирано учење и надградба. Технологијата се менува, а со тоа и нашето знаење за работите. Така идните учители, тренери и професори ќе мора да одат во чекор со трендовите и барањата, современите методи, бидејќи она што било технологија и знаење пред 20 години, сега се смета за застарено.

Економија и претпримништво
Прилагодливост и деловна интуиција се главни карактеристики во оваа дејност. Подобро разбирање на процесите се од исклучителна важност. Меѓу најбараните занимања во ова подрачје ќе бидат финансиски аналитичари, сметководители и ревизори.

Претходна Чоколадното млеко е подобро од спортските енергетски пијалаци
Следна Solveig Mork Hansen

Награден напис

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини …

Научниците со тврдење дека децата кои повеќе личат на својот татко отколку на нивната мајка се многу поздрави

Најважно за секој родител е неговото дете да биде живо и здраво при раѓањето, а …

Don`t copy text!