Подвижна куќа за иднината која може да се движи на речиси секој терен

Многу луѓе заради социјалното дистанцирање поради пандемијата на коронавирус и ги напуштија градовите, а следниот чекор во слични ситуации може да биде мобилен футуристички дом.

Концептот на работа и патување се промени многу за време на пандемијата на коронавирус, а луѓето се свртеа кон работни места што им овозможуваа да работат од дома или од други оддалечени локации. Ограничувањата за патување станаа поостри во екот на пандемијата, покрај задолжителното растојание, така што најголемиот дел од светското население остана „заробено“ во домовите.

За да дојдат до генијални решенија, дизајнерите ширум светот ги интерпретираа своите домови и работни места во нивните мобилни верзии.

Бугарскиот 3Д дизајнер Енчо Енчев го создаде концептот на футуристички подвижен дом кој е дизајниран така да може да се движи по различни терени со помош на неговите шест механички нозе, за сопственикот или корисникот да може да се постави на саканата локација.

Дизајнерот рече дека е инспириран од зголемената популарност на работата од далечина и неговата љубов кон планините и езерата. Тој сфатил дека луѓето сакаат да ги напуштат градовите и да се преселат во ретко населените области во природа, но дека им недостига удобност на домот и пристапност поради тешкиот терен. Неговиот концепт понуди решение за овие проблеми.

Функционалноста и практичноста беа клучни во развојот на неговата идеја, односно во дизајнот на мобилниот дом. Тој се осврнал и на други важни прашања како што се тежината и енергијата, така што неговиот подвижен дом се напојува со електрични мотори, но поседува и дизел помошен генератор во случај на проблеми со моторот.

Дизајнот е квадратна рамка поставена на шест механички нозе, така што домот изгледа како да доаѓа од футуристички филмови. Објектот може да се движи на речиси секој терен, вклучувајќи стрмни ридови и планини, благодарение на нозете обложени со гума и двата шила кои се превртуваат во земјата и обезбедуваат стабилност.

Мобилен дом може да ги постави своите темели додека е подигнат од земја, додека се спушта или додека е спуштен на земја.

Претходна Blue Origin во декември ќе испрати шест туристи во вселената
Следна HUAWEI MateView GT е најновата серија на гејмерски монитори и веќе e достапна на македонскиот пазар

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!