Неверојатно откритие под Антарктикот

Се верува дека е најголемата колонија во светот, а ја сочинуваат таканаречените ледени риби.

Антарктикот е една од најмалку истражените области на планетата, особено нејзината подводна територија. Истражувачите пронајдоа чудесна колонија од 60 милиони риби во морето Вендел. Тоа е уникатна област и екосистем што не беше познат до сега.

Се верува дека е најголемата колонија во светот, а ја сочинуваат таканаречените ледени риби. Рибите се речиси проѕирни бидејќи немаат црвени крвни зрнца и преживуваат на многу ниски температури со помош на специјален антифриз протеин.

Во февруари минатата година, германските истражувачи случајно ја пронајдоа оваа колонија додека ги истражуваа морските длабочини околу Антарктикот.

Уникатна област

„Никогаш во 15 години проучување на океаните не сум видел вакво нешто. Откако ги забележавме, ги информиравме експертите кои знаат за овие видови. Ни кажаа дека тоа е нешто многу уникатно“, рече Аутун Пурсер, истражувачот на германскиот институт „Алфред Вегенер”.

Последователно истражување откри дека оваа колонија на риби е навистина фасцинантна. Професорот по биологија на Универзитетот во Орегон, Џон Постлетвејт, истакна дека ова е изненадувачко и значајно откритие. Како што рече, за него во најмала рака била неочекувана пронајдената количина на биомаса.

Истражувачите откриле дека колонијата се наоѓа на површина од 240 квадратни километри, а едно гнездо е во просек три квадратни метри, додека секое од нив содржи 1.735 јајца.

Според Purser, областа околу таа колонија е два степени потопла од околината, што овозможува да се погоди дека овие риби ги привлекува малку потопла вода. Научниците исто така веруваат дека овој уникатен екосистем треба да биде прогласен за заштитено подрачје.

Претходна Прошетајте само две минути после секој оброк и вашето тело ќе ви биде благодарно
Следна Најзабавниот електричен автомобил

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!