Кој тип на мажи пружа најдобри оргазми

Најновото истражување за сексуалноста открива дека оргазмот кај жените нема никаква врска со нивната анатомија, ниту со анатомијата на мажите, како ни со нивните сексуални способности во креветот.

Интензитетот на уживање кое жената го доживува за време на водењето љубов има врска со типот на маж кој го одбрала.

Ова се карактеристиките на мажот кој на жената ѝ пружа најдобар оргазам:

  • Хумор. Жените сакаат мажи кои знаат да ги насмеат. Мажите со смисла за хумор обрнуваат внимание на детали и светот го гледаат со други очи, а тоа е карактеристика која многу ги привлекува жените. Мажите со вистинска смисла за хумор знаат кога треба да престанат и да станат сериозни.
  • Креативност. Никој не сака партнер кој наутро станува и оди на работа, кога се враќа седнува пред телевизор до вечер и потоа си легнува. Жените не ги привлекува монотонија. Нив ги привлекува креативноста и подготвеноста за експериментирање, што е идеално за водењето љубов. Освен тоа, креативците се често мистериозни типови, а жените сакаат таинствени мажи.
  • Топлина. Жените сакаат љубезни и достапни мажи, а токму топлите и срдечни мажи спаѓаат во најдобри љубовници. И покрај тоа што желбите на мажите и на жените се разликуваат, кога се работи за сексот се сложуваат во една работа: жените сакаат да се чувствуваат сигурно покрај мажот, а мажите сакаат жената да се чувствува сигурно покрај нив. Кога жената се чувствува сигурно може да се опушти и да ужива во сексот, што на мажите им овозможува да експериментираат и да истражуваат.
  • Верност. Многумина мислат дека сексот со еден човек до крајот на животот е прилично досаден, но жените сепак преферираат верност и посветеност. Ако мажот ѝ е верен на жената, таа ќе се чувствува пожелна и потребна, што создава идеална атмосфера за постигнување оргазам. Многу жени не доживуваат оргазам за време на раните сексуални искуства затоа што не развиле доволно поврзаност со партнерот и немаат доверба во него.
  • Мирис. Мирисите можат да пружат многу емоционални сензации како радост, тага, возбуда и задоволство, затоа не е за чудење тоа што мирисот на мажот ја привлекува жената. Ако мирисот ја привлече жената, тоа значи дека во уживањето е вклучено уште едно сетило кое ќе овозможи полесно постигнување оргазам, кој воедно ќе биде и поинтензивен.
Претходна Motorola го претстави предводникот Moto Razr 2022
Следна Xiaomi претстави нов телефон на преклопување – Mix Fold 2

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!