Инсигниа е поагресивна и помоќна по третманот на Ирмшер

Инсигниа можеби не е првиот автомобил на кој се мисли кога ќе се спомене спортската лимузина, но благодарение на тјунерската куќа Ирмшер, овој модел стана автомобил со сериозни перформанси.

Ирмшер сè уште ја развива тјунираната Инсигниа и моментално е позната како is3. На интернет беа објавени само два рендера, но и тоа беше доволно да го привлече вниманието на љубителите на автомобилите, особено на љубителите на Инсигниа.

Визуелно, Ирмшер ја направи Инсигниа многу поагресивна благодарение на различните компоненти, од предниот карбонски сплитер, преку редизајнираната црна решетка на ладилникот со карбонски детали, продолжените прагови, карбонските детали за вратите, карбонската антена, до карбонскиот спојлер на покривот, задниот спојлер и заден диф. Ирмшер подготви и уникатни сребрено-црни бандажи.

Засега нема детали за перформансите, но потврдено е дека моќноста ќе биде околу 300 КС. Инсигниа најверојатно ќе користи 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор, кој развива 256 КС и 400 Nm вртежен момент во фабричката конфигурација.

Претходна Вежбањето на ладно време може да ви согори повеќе калории
Следна Нови шокантни сознанија за Катар и Светското првенство: Агент на ЦИА ја шпионирал ФИФА

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!