Густав – најголемиот топ некогаш направен во светот

Експанзијата на Хитлер во триесеттите години од минатиот век барала технолошки новитети со кои би се спровела неговата замисла.
Кога во 1934 година планирал да ја нападне Франција, единственото нешто што го спречувало била одбранбената Мажино линија. Системот за одбрана кој се протегал на источната граница на Франција, на југ до Швајцарија, на север до Белгија, го сочинувале камени блокови и подземни тунели и бункери.
Знаејќи дека без технолошка помош неговата армија нема да може да ја сруши Мажино линијата, се обратил до инженерите на тогаш најмоќната индустрија и челичана, да му создадат оружје кое ќе ја сруши оваа одбранбена линија.
Барале моќно оружје кое ќе може да ја разори бетонската фортификација. Оружје кое ќе може да фрла гранати со голема тежина и моќ.
Инженерите пресметале дека за да создадат толку моќен топ, тој ќе мора да биде многу поголем од дотогашните модели на артилериски оружја. Тогашниот најдобар инженер на Круп, Ерих Милер, изработил нацрт и го презентирал на претпоставените.
Го нарекле Тешкиот Густав (Schwerer Gustav). Имал калибар од неверојатни 780 милиметри и можел да исфрли граната тешка 10 тони на оддалеченост од 55 километри. Цевката на топот била долга триесетина метри. Телото му било многу гломазно, изгледал како помала зграда. Од основата до врвот бил висок како четирикатница, а комплетната должина со цевката била 45 метри, со вкупна тежина од 1300 тони.
Гранатите биле долги 3,5 метри. За да се внесе граната во топот, потребни биле дури десет војника. За да се движи, огромниот топ бил поставен на два сета шини.
Според дизајнот се нарачани два топа. Едниот е поголемиот Тешкиот Густав, а другиот бил малку помал и имал име Дора.
Сепак, планот на Хитлер за итен напад на Франција не можел да се спроведе толку брзо, од причина што било потребно многу време за да се изработат моќните топови. Хитлер подоцна ја нападнал и ја освоил Франција со војска, без нивна помош.
Во 1941 година топовите биле подготвени за употреба и со помош на 4000 војници биле монтирани и пуштени во употреба. Во деновите помеѓу 5-17 јуни испукани биле дури 48 проектили од Тешкиот Густав (30.000 тони муниција). Цевката била преоптоварена и топот морало да се носи на сервисирање во фабриката на Круп. Откако бил сервисиран го транспортирале во близина на Ленинград со намера да се користи за рушење на отпорот на руската армија. Употребен е само еднаш и заклучиле дека топот е страшно непрактичен, бара опслужување од голем број војници за да испука само еден сет муниција.
Голема негативна страна била и неговата неможност за движење по непристапни терени, каде што му била потребна посебно подготвена пруга.
На крајот Германците решиле да го пензионираат Тешкиот Густав, но за да се обезбедат дека непријателот нема да го најде – го расформирале на делови. И денес не е познато каде завршиле составните делови на Тешкиот Густав.

Претходна Најбогатиот град во Русија
Следна Kudadoo, најдобриот луксузен ресорт на светот

Награден напис

Во американските болници, Гугл тестира медицински четбот со вештачка интелигенција

Според The Wall Street Journal, Google веќе ја тестира својата технологија за разговор со вештачка …

Мета подготвува ривал на Твитер

Мета го претстави својот претстоен ривал на Твитер на своите вработени, а изгледот на апликацијата …

Don`t copy text!