Астон Мартин го презентираше новиот хиперавтомобил со име Валхала

Астон Мартин Валхала е полното име на хиперавтомобилот произведен од познатиот британски бренд на автомобили.

Името е позајмено од нордиската митологија и претставува место каде што одат воините после смртта. Ова митско име го замени работниот назив AM-RB 003.

Валхала ќе има V6 мотор со турбо полнач и хибриден систем, и се очекува да има моќност од 1000 коњски сили.

“Имињата на нашите автомобили секогаш привлекуваат големо влијание. Тоа е затоа што делуваат на емоциите и раскажуваат приказна. По моделот Валкири, знаевме дека Валхала мора да има своја препознатливост и влијание. Нордиската митологија содржи моќен јазик и богата е со приказни”, изјави шефот на Астон Мартин, Енди Палмер.

Валхала е резултат на соработката помеѓу Астон Мартин и Ред Бул Адванст Технолоџис, а помогна и познатиот инженер од Формула 1, Едриан Њуи. Валхала ќе има тежина од 1350 килограми.

Ќе биде произведен во само 500 примероци и ќе има цена од околу 1 милион евра.

Претходна Карактеристики кои мажите ги обожаваат кај жените
Следна Ford Shelby Mustang GT 500 со 760 коњски сили

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!