Алфа Ромео планира да произведе ГТВ

Италијанската компанија Алфа Ромео наводно го оживува моделот ГТВ и го подготвува за електрификација.

Деталите за автомобилот засега се мистерија, а директорот на Алфа, Жан-Филип Импарато, претходно покажа интерес за заживување на моделот ГТВ.

„Аутокар“ пишува дека има неколку верзии, од дво вратно купе во ретро стил до модерно купе со четири врати, а постои можност да им се понуди на клиентите хибридна и целосно електрична верзија.

Електричната верзија, која би била ривал на моделите како Тесла Модел 3 и БМВ И4, има поголеми шанси. Не толку одамна, името ГТВ требаше да се оживее во верзија со две врати на моделот Џулиа, но тој проект беше напуштен.

Алфа сега е дел од групацијата Стелантис откако Фиат Крајслер Аутомобили и ПСА Груп се споија и планираат големи работи за својата понуда во наредните години. Ќе се користат електрифицирани платформи и погони од групата, а се очекуваат наследници на моделите Џулиа и Стелвио.

Autocar пишува дека претстојниот СУВ Тонале во 2025 година ќе биде единствениот модел на Алфа со платформа развиена од ФЦА, додека сите други модели ќе бидат базирани на една од трите платформи за патнички автомобили развиени од групацијата ПСА.

Претходна Casio G-Shock GBA900 – новиот најевтин професионален паметен часовник за фитнес
Следна Се отворија летните олимписки игри Токио 2020

Награден напис

Carlex претстави одличен рестомод проект заснован на BMW Серија 6

Полската компанија Carlex Design ќе понуди обновено и изменето издание на еден од најубавите модели …

Како Роналдо ги решава проблемите

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина …

Don`t copy text!