XIAOMI M365 електричен скутер

Според сите тестирања XIAOMI M365 се води како еден од најдобрите електрични скутери на пазарот.
Во последно време трендот на користење на електрични скутери се зголемува. Се појавуваат бројни производители и сите со своите карактеристики велат дека се најдобри.
XIAOMI M365 е модел од XIAOMI компанијата која произведува Smart уреди. Моделот М365 од производителот е најавен како топ модел, а тоа го потврдуваат и повеќе тестови.
Има автономија од 30 километри, со брзина од 25 km/h.
Ова се неговите карактеристики понудени од производителот:

  • Изработен е од алуминиумска легура која се користи во авиоиндустријата и тежи 12,5 килограми.
  • E-ABS систем за кочење на предното тркало, и диск кочница на задното.
  • Систем за кинетички обновлива енергија.
  • Систем за контрола на брзина.
  • Интелигентен BMS систем. Нивото на батериите може да се следи со апликација на мобилниот телефон.
  • Литиумска батерија 18.650 со капацитет 280Wh, за автономија од 30 километри. Со заштита од пренапон, краток спој, температурна заштита.
  • Брзо склопување (се склопува за 3 секунди).

Претходна Малерот на Дел Потро
Следна Porsche Panamera GTS

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!