Xiaomi претстави три нови телефони – Mi 10T, Mi 10T Pro и Mi 10T Lite

Xiaomi официјално претстави три нови паметни телефони.

Тоа се моделите Mi 10T, Mi 10T Pro и Mi 10T Lite, а познати се и нивните цени.

Mi 10 Lite ќе биде достапен од 13 октомври по цена од 279 евра, додека продажбата на моделите Mi 10T и Mi 10T Pro започнува денес.Ќе може да се нарачува во голем број европски земји, вклучувајќи ги Германија и Шпанија.

Mi 10T чини 499 евра и доаѓа со 6 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. Оваа комбинација не е достапна во случајот со Mi 10T Pro. За дополнителни 50 евра можно е да добиете 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија.

Цената на основната верзија на Mi 10T Pro е 599 евра и исто така има 8 GB RAM и 128 GB внатрешна меморија. За најскапата верзија на овој модел потребно е да се издвојат 649 евра, а за тие пари клиентите ќе добијат 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија.

Претходна Volkswagen официјално го претставија ID.4
Следна Lenovo има нов лаптоп со уникатно решение за слушалки

Награден напис

Eфикасно користeње на клима-уредот

Ако барате разладување од летните горештини, воздржете се од нагонот драматично да ја намалите температурата …

Секс поза која е најпопуларна кај сите генерации

Компанијата „Bespoke Surgical“ неодамна анкетираше над 1.000 луѓе за нивната омилена поза во сексот. Според …

Don`t copy text!