WhatsApp наскоро со нова опција за заштита на вашите разговори

Од WhatsApp со најава на нова опција која ќе го реши досегашниот проблем со заштита на разговорите. Изјавија дека LOCK опцијата ќе се појави наскоро и со тоа ќе им овозможи на корисниците да можат да спречат неовластено читање на нивните пораки.
Новата опција во апликацијата ќе поддржува TouchID, FaceID и опција за шифра.
Лошата вест во оваа информација е дека апликацијата сè уште не е спремна за пуштање во официјална употреба, и треба дополнително тестирање пред да стане достапна.
Функционалноста на овој додадок ќе биде како и за останатите апликации, со секое стартување на WhatsApp  апликацијата ќе се врши автентификација според опцијата што е одбрана.
Додатокот ќе биде опционален, значи може да го активирате или не, во зависност од желбата и потребата.

Претходна Титаник 2 ќе заплови во 2022 година
Следна Болоња се бори против загадувањето со бесплатно пиво, сладолед и карти за во кино

Награден напис

Apple патентираше нова верзија на iPod

Apple неодамна поднесе барање за патент за уред многу сличен на iPod. Уредот е наменет …

Valve развива нова Counter-Strike игра, која се очекува наскоро

Поминаа повеќе од десет години од објавувањето на Counter-Strike: Global Offensive, а сега Valve се …

Don`t copy text!