Volkswagen со план да произведува 300.000 електрични возила годишно

Од германскиот автомобилски концерн Volkswagen излегоа со храбра најава за градење на фабрика во Кина, во која ќе се произведуваат 300.000 електрични возила на годишно ниво. Возилата ќе се базираат на новата модуларна платформа MEB. Со ова од Volkswagen уште еднаш ја акцентираа нивната заложба за производство на еколошки автомобили во големи количини.
Изјавија дека во близина на Шангај, Кина, се планира изградба на огромна фабрика во која би се произведувале електричните возила, како и батерии за истите. Се планира производство на над 10 модели на електрични возила, базирани на новата MEB платформа.
Првите MEB возила се планира да почнат да се произведуваат во текот на следната година од производствените хали во Германија, а од специјализираната фабрика во Кина во текот на 2020 година, со електричен модел на SUV.
Фабриката ќе работи преку заедничката германско-кинеска компанија SAIC Volkswagen.
Освен електрични возила, во фабриката ќе се произведуваат и батерии за нив. Од базата во Германија, Кина ја идентификуваа како главен пазар за својата стратегија за електрификација.
Новата фабрика ќе биде опремена со 1400 роботи, прилагодени за стандардите “Industry 4.0”, која во производствениот процес вклучува технологија на вештачка интелигенција и виртуелна реалност.



 

Претходна Volkswagen и Ford стануваат едно
Следна РК Работнички со нова победа

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!