Мината година во јули, менаџментот на Volkswagen и Ford потпишаа меморандум за соработка со кој ги дефинираат заедничките цели и нивото на соработка.
Во денешно време таквиот чекор е оправдан и никој не е изненаден. Оправдан е од причина што со тоа се намалуваат трошоците за развој, а се зголемува и пазарот на кој се пласираат возилата. Иако сè уште е на ниво на меморандум за соработка, искусни аналитичари велат дека е прашање на време кога тие две компании ќе се спојат во една и ќе прераснат во најголемата автомобилска компанија во светот. Така Volkswagen ќе го добие пазарот во САД, а Ford пазарот во Кина и Латинска Америка.
Што се однесува до технологијата, се смета дека главен акцент ќе се даде на хибридните и електричните склопови.
Награден напис
Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија
Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …
Маестралниот Верстапен славеше во Мајами
Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …