Viber овозможи уредување на испратените пораки

Новата опција на Viber ви овозможува да ги уредите сите испратени пораки.
Ако редовно ја користите апликацијата Viber, новата функција Edit може да ви биде од корист. Ви овозможува да ја уредите секоја испратена порака во група или разговор еден на еден, со тоа што едноставно ќе ја допрете подолго пораката што сакате да ја уредите и од менито што ќе ви се појави одберете Edit. Откако ќе ја направите измената во долниот десен агол ќе се појави Edited, така што учесниците во разговорот ќе знаат дека пораката е изменета. За да не дојде до забуна, луѓето што учествуваат во разговорот, едитираната порака ќе ја добијат како нова, односно, како последна добиена порака, со цел да се избегне можноста за манипулирање со пораки и нивната содржина.
Овозможено е да ги промените YouTube линковите, линковите од веб страни, сликите и текстот, но не е можно да се менуваат стикерите. Новата опција на Viber е овозможена преку апликацијата Viber v9.7.0 за корисниците на Android и iOS, а за корисниците на Windows смартфон сè уште не се знае дали ќе го добијат ова ажурирање.

Претходна Фејсбук блокира профили во САД
Следна РК Работнички со победа и на гости

Награден напис

НАСА очекува во следните десет години луѓе да живеат на Месечината

Како што соопшти НАСА за Би-Би-Си, сигурно е дека луѓето ќе имаат можност да живеат …

Најголемата санта мраз во светот плови кон екваторот

Според информациите објавени од НАСА, најголемата санта мраз на светот А-76А навлезе во преминот Дрејк, …

Забрането е копирање на текст!