V12 моторот на BMW ќе живее до 2023 година

Еколошките норми кои се наметнаа насекаде низ светот, сериозно ги афектира производителите на луксузни и моќни автомобили. Поголемиот дел од автоиндустријата почна да се откажува од вградување на V8, V10 и V12 агрегати поради проблеми со исполнување на еколошките стандарди.

Нивните луксузни автомобили со моќни мотори ги заменуваат со комбинации на помал агрегат во хибридна верзија.

Откако Mercedes се откажа од својот V12 мотор, такво нешто се очекуваше и од конкурентот BMW.

Според изјавите на шефот на развој во BMW, нивниот V12 мотор кој се вградува во луксузната серија 7 ќе биде активен до 2023 година.

Моќноста на V12 која се вградува во моделот 760 Li е 585 ks со вртежен момент од 850Nm.

Oвој модел постигнува одлични продажни резултати низ светот, особено во Кина и на Блискиот Исток, па затоа во BMW велат дека сè уште им е исплатливо инвестирањето во тој агрегат.

Претходна Anastasya Kvitko
Следна Листа на најмоќни мобилни телефони според AnTuTu

Награден напис

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Audi RS7 од Power Division забрзува подобро од Veyron

Сегашниот Audi RS7 Sportback послужи како основа за еден од последните екстремни проекти на полската …

Don`t copy text!