Uber ја продаде својата летачка такси дивизија наречена Elevate на компанијата oby Aviation со седиште во Калифорнија, која развива електрични летала.
Elevate е вториот деловен оддел што Uber го продаде оваа недела во потрага по профит. Во понеделникот, Uber ја потврди продажбата на одделот за самовозечки возила, а купувач е компанијата Aurora.
Joby Aviation и Uber ја опишаа трансакцијата како „проширување на партнерството“.
„Договорот ни овозможува да го прошириме нашето партнерство со yоби, јасен лидер во оваа област, како и да го забрзаме патот кон пазарот за овие технологии“, изјавија од Uber.
Според договорот, Uber ќе инвестира дополнителни 75 милиони долари во Joby Aviation.
Elevate започна со работа во 2016 година и вети дека ќе започне летачка такси услуга во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн до 2023 година. Joby Aviation беше партнер на Uber во Elevate сè додека не го презеде одделот.
Летечкото такси ќе понуди доволно простор за четворица патници и ќе има можност за полетување и слетување вертикално. Неговиот опсег ќе биде 241 км, а ќе може да достигне брзина од 321 км на час.
Електричното летало е сè уште во фаза на тестирање.