Зад името GR DKR Hilux T1 + се крие пик-апот на Toyota кој работи со 3,5-литарски битурбо V6 мотор.
За следното издание на престижното рели Дакар, кое започнува на 2 јануари во Саудиска Арабија, Toyota и нејзиниот оддел Gazoo Racing подготвија нов „rally-raid“ дериват на автомобилот, кој се базира на актуелната генерација на модели на Hilux.
На Gazoo Racing тие избраа 3,5-литарски битурбо V6 мотор за GR DKR Hilux T1 + кој развива нешто повеќе од 400 коњски сили и 660 Nm максимален вртежен момент. Во однос на претходниот „rally-raid“ Hilux, познато е дека висината на суспензијата е зголемено од 280 на 350 милиметри, а зголемени се и димензиите на пневматиците кои ги испорачува BF Goodrich.
Тојота ќе се натпреварува на Дакар со четири автомобили составени од Насер Ал-Атијах / Матје Баумел, Жиниел де Вилиер / Денис Марфи, Хенк Латеган / Брет Камингс и Шамер Варијава / Дани Стасен, а тестирањето ќе продолжи во Јужна Африка до првата половина на декември.