Technoimpulse Rocket Z од Русија

Technoimpulse Rocket Z е теренско возило кое е симбиоза на издржлив руски дизајн и корејски дизел мотор за придвижување.
Ако некогаш се запрашате како се прави издржливо и вистински употребливо теренско возило, Русите велат дека е потребен квалитетен дизел мотор, во случајов од Хјундаи, пренос на сите четири тркала, да се изработи цврста и висока шасија, тркалата да се постават на аглите од возилото, а моторот да се постави централно зад возачот. Тоа во кратки црти е описот на рускиот Technoimpulse Rocket Z.
Ако го опишуваме поопширно теренецот од Русија, тогаш треба да се нагласи дека Rocket Z го движи 2,5 литрен дизел мотор со четири цилиндри, сила од 83 ks и вртежен момент од 196 Nm. Моторот е сместен во подот зад возачкото седиште, под вториот ред на седишта. Поставен е така да дава идеален сооднос на дистрибуција на силата. Висината на шасијата дава одлична можност за премостување на сите препреки.
Во возилото вградени се два резервоара за гориво со капацитет од по100 литри. Може да транспортира 9 лица. Широко е 2,49 метри, долго 4,89 метри а од земјата е високо 60 сантиметри.
Кратката верзија на Rocket Z со ознака 210-91 е со 4 тркала, додека подолгата има ознака 310-91 и 6 тркала.
Rocket Z не е убавец, но со оглед дека е дизајниран за тешки и непристапни офроуд терени, цената е релативно поволна и изнесува 85.000 долари.





Претходна Што му предвидува Бил Гејтс на човештвото за следните 10 години
Следна Можеби најмалиот пикап на светот

Награден напис

Mercedes-Benz Sprinter трансформиран во луксузна канцеларија

Познатата тјунинг куќа Klassen го претвори Mercedes-Benz Sprinter во луксузна мобилна канцеларија која е опремена …

Маестралниот Верстапен славеше во Мајами

Холандскиот возач Макс Верстапен славеше на Големата награда на Мајами во петтата трка од сезоната …

Don`t copy text!